Русија денеска соопшти дека го открила првиот случај на мајмунски сипаници во земјата кај маж кој се вратил од патување во неколку европски земји.
– Инфекцијата е откриена кај млад човек кој се вратил од патување низ европски земји и отишол во медицинска установа со карактеристичен осип, се вели во соопштението на здравствените власти.
Мажот е хоспитализиран и има „блага“ форма на болеста. Лицата со кои бил во контакт во Русија се под надзор на лекари, се вели во соопштението.