За првпат претседателката Гордана Силјановска Давкова помилува неколку лица.
Како што соопштија од кабинетот на претседателката, петтемина осудени лица се помилувани во траење од два до четир месеци, коешто кај двајца од нив доведе до потполно ослободување од извршување на казната затвор.
Потполно се ослободуваат од извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица Андреј Методија Мојсоски од село Селце и Миран Латиф Исмани од село Слатино. Делумно пак се ослободуваат три лица – Блаже Владимир Стојанов од Штип, во траење од 2 месеци, Ванчо Делче Кржовски од Пехчево и во траење од 2 месеци, Ненад Душко Магделиниќ од Штип, во траење од 2 месеци.