Првите амбулантни возила со ранети Палестинци од Газа денеска влегоа во Египет преку преминот Рафа, изјави египетски официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен.

Снимките во живо прикажани на телевизиски станици блиски до египетското разузнавање покажаа како амбулантни возила влегуваат на египетската страна на терминалот Рафа за да ги однесат како што рекоа официјалните лица, околу 90 од најтешко болните и ранетите Палестинци на лекување во египетските болници.