Првпат по повеќе од шест години, супертанкер испорача американска нафта во Европа, објави Блумберг.
Бродот „Солана“ со 2 милиони барели американска сурова нафта пристигна во шпанското пристаниште Билбао во средината на април, а потоа се упати кон германското пристаниште Вилхелмсхафен и Ротердам во Холандија. Се наведува дека нафтата на „Солана“ била претоварена во Мексиканскиот залив од мали бродови.
Како што посочува Блумберг, европските земји „се повеќе се потпираат на американските енергетски ресурси за да компензираат за прекините во снабдувањето“ поради ситуацијата околу Украина.