Вчера во 23.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Е.Е.(30) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, поради сомнение дека околу 22.00 часот, пред угостителски објект на ул.„Казанџиска“ во Скопје, пукал од огнено оружје и му нанел повреди на С.Б., исто така, од Република Турција.
М.Е.Е. бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.