Израелската армија соопшти дека одговорила на нападот со артилериски оган, пренесуваат британските медиуми. Другите агенции јавуваат дека во нападот нема повредени, ниту е предизвикана материјална штета.

Израелската армија соопшти дека една од ракетите била соборена од ПВО, а другата паднала врз ненаселена област.

Израел во 2006 година војуваше против движењето Хезболах, кое има упориште во јужен Либан, а во својот арсенал има напредни ракети, додаваат британските медиуми.

По војната меѓу Израел и Хезболах од пред 15 години, границата оттогаш е релативно мирна.