Тоа е третпат да му биде вратен мандат за состав на влада откако беа одржани парламентарните избори пред еден месец.
Тој додаде дека новата ЦИК ќе ја преземе својата улога истовремено со распуштање на парламентот и закажување избори. Радев најави дека ЦИК ќе биде составена идната недела, а указот за назначување на комисијата се очекува на 11 мај.
– Во таква ситуација се очекува изборите да се одржат на 11 јули, нагласи Румен Радев.
Тој дотогаш ќе назначи привремена влада.
Радев го предаде деенска третиот мандат за формирање влада на лидерот на БСП Корнелија Нинова, нбо доби одговор дека – Новите политички субјекти изјавија дека нема да ја поддржуваат нашата влада, дури ни стручно, и немаме објективна можност да формираме кабинет, нагласи Нинова пред да го врати мандатот.
Радев поитенцира дека индата недела ќе го распушти сегашниот Парламент.
– Во овој парламент, партиите не разговараат едни со други, нема дијалог. Преовладува партиското его и личниот егоизам, желбата да се оди на нови избори и да се добијат повеќе гласови. Партискиот егоизам преовладуваше над разумот, изјави Нинова откако го одби мандатот од Радев.
– Формирањето на службен кабинет бара вклучување на почитувани експерти кои, и покрај нивната политичка припадност, се обединети од важна цел – одржување фер избори и управување со земјата во тешки времиња, рече Радев.
Тој додаде дека треба да се совладаат последиците од здравствената и економската криза. Радев посочи дека има намера да покани авторитативни експерти од левицата, од кои некои успешно ја исполнија својата мисија во претходната привремена влада што ја назначи.
По изборите на 4 април, конзервативната партија „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ) на премиерот Бојко Борисов остана со најголем број гласови, но е обвинета за поттикнување ендемска корупција во земјата, а Борисов не најде партнери за формирање влада.
Дури и популистичката партија на ТВ водителот Слави Трифонов (Има таков народ), која изненади со доаѓањето на второто место, немаше доволно пратеници од другите две групи за да формираат стабилна коалиција.
Социјалистите, кои беа на третото место, се откажаа од формирање влада.
Бугарија, најсиромашната земја на ЕУ со речиси седум милиони жители, минатото лето доживеа голем бран протести. Борисов, кој е на власт речиси една деценија, одби да поднесе оставка.