Бугарскиот претседател, Румен Радев во интервју за грчкиот весник Катимерини говореше за состојбата на релација Бугарија-Македонија и евентуалните уставни измени во нашата земја. Како што истакна тој, доколку не се случат тие, преговорите за влез во ЕУ нема да започнат воопшто.

„Бугарија и Македонија го прифатија предлогот на француското претседателство со Советот на Европската унија, кој предвидува одредена преговарачка рамка за нашиот сосед. За целосно започнување на пристапните преговори, Македонија мора да ги заврши договорените уставни измени и да ги запише Бугарите од Македонија за тие да бидат рамноправни со другите државотворни народи наведени во нејзиниот Устав. Без овој чекор, преговорите навистина не можат да започнат“, истакнува шефот на бугарската државата.