Бугарскиот претседател одби да каже на која партија ќе и го предаде мандатот, а само нафрли дека „сите опции се отворени“.
-Во оваа конфигурација во парламентот, ако сме успешни, зборот компромис мора да биде присутен, а не е присутен, рече Радев. Тој повторно ги повика пратениците да размислат за донесување на ребалансот на буџетот.
Според него, можни се двојни избори есенва, но не е јасно дали тоа е технички остварливо.