Јужнокорејски војник по грешка пукал од автоматско оружје недалеку од границата со Cеверна Кореја, поради што јужнокорејската армија го известила Пјонгјанг дека се работи за случајна грешка.
Агенцијата Јонхап, цитирајќи јужнокорејски воени офицери, објави дека боевата муниција по грешка била испукана за време на вежбата во саботата вечерта на северната граница во провинцијата Гангвон.
Сите зрна паднале на јужнокорејската страна и не е направена никаква штета.
Од Cеверна Кореја нема официјални реакции и истрагата за точните околности на инцидентот е во тек.