Според официјалното соопштение, ЕАД е продаден за 1,015 милијарди евра на белгиската банкарска групација КБЦ.

РБИ најавува дека парите од продажбата на банката во Бугарија ќе ги инвестира во нејзините деловни операции во други земји.

-Одлуката за напуштање на бугарскиот пазар, покрај профитабилноста, се заснова пред се на можноста за добивање дополнителен капитал за одбрани пазари со цел да се искористат атрактивните можности за раст, ​​велат од РБИ.

Продажбата треба да заврши до средината на следната година, а РБИ и КБЦ, сепак, мора да добијат одобрение од надлежните органи.

Инаку, КБЦ е веќе присутна во Бугарија и со 3.900 вработени е нешто поголема од бугарската филијала на РБИ која има 2.500 вработени.