Во процесот на евроинтеграции не треба да се занимаваме со датуми, туку со конкретна работа, за да час порано Албанија ја направиме земја со стандарди на Европската Унија, изјавил албанскиот премиер Еди Рама, јави АТА.
Во изјава од Гранада, Шпанија, каде што учествува во работата на третиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЦ), зборува и за напредокот на процесот на евроинтеграции.
-Не се занимавам со датуми, со декември, ноември или јуни. Она што е важно е дека Албанија го отвори патот за преговори, интензивно работи секој ден со Брисел, имаме постојано доаѓање и заминување на сите наши групи преговарачи, така што ние сме на нашиот пат, додава тој.
Според него „прашањето за членство во ЕУ е двострано прашање“.
-Од една страна, тука се домашните задачи што треба да ги направиме за себе, од друга страна е одлучувањето на ЕК, што е суверено одлучување поврзано со политички аспекти. Не треба да се занимаваме со датуми, декември и јануари, туку треба да се занимаваме со конкретна работа за да Албанија час побрзо стане земја со стандарди на ЕУ, земја членка на ЕУ. Тогаш за да се потврди ова ќе биде потребно време и е помалку важно за нас, бидејќи најважно е да ја завршиме задачата, посочува Рама.