Драги Рашковски е пуштен од притвор, откако се раширија гласините дека ќе пропее за Зоран и Вице Заев, за сите бизниси и се што знае за работењето на браќата Заеви, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Откако се раширија гласините Заев панично по медиуми почна да кружи со приказната дека Рашковски работел законски, и дека не верува дека сторил криминал. Заев со таквите изјави од позиции на прв во владата изврши притисок врз судството и обвинителството и му даде сигнал што да прави. Заев се дрзна да влијае на постапка затоа што знае дека Рашковски е негов директно потчинет во владата. Се што знае Заев во голема мерка знае и Рашковски. Дека Рашковски е свесен за калта во која заглавил доказ е и префрлањето на имотот врз своите малолетни деца. Што и од кого крие со тоа? Дали со тргањето имот од себе сокрива некаква трага? Судството и ЈО не смее да подлегнува под притисокот на Заев. Рашковски не смее да има можност за влијание врз постапката. 4 години видовме како Заев го контролира судството и обвинителството. 4 години со Заев, 4 години украден живот. Доста е!, велат од партијата.