Екс генералниот секретар на Владата и актуелен советник во кабинетот на премиерот Заев вози ексклузивно и скапо возило кое не е пријавено во листот што сите функционери морат да го достават до ДКСК, се вели во најавата на вечерашното издание на емисијата 360 степени.

Драги Рашковски, секретар во кабинетот на премиерот, вози џип што во автосалон чини најмалку 74 илјади евра. Такво возило не фигурира во неговиот анкетен лист доставен до Антикорупциската комисија, пишува 360 степени.