Оваа афера е сигурно една од најголемите што се случила од осамостојување на Македонија. Власта сака да ја минимизира да ја сведе во рамки на некаква корупциска афера на оние кои работат на системот на издавање на патни исправи, а тоа не е така, рече аналитичарот Воислав Зафировски на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“.

Токму затоа граѓаните треба да ја знаат постапката.

„За да добиете патна исправа треба да имате лична карта која се добива на основ на извод, кога се вади лична карта секој остава отпечаток и тој велгува во системот и вие сте регистриран граѓанин. Секое барање за да се добие патна исправа и оној што има граѓански статус може да бара патна исправа и кога граѓанинот оди на шалтер остава повторно отпечаток. Системот е така креиран што ако не се согалсуваат подоатоците системот ве исфрла. И тоа шалтерски работник не може да среди. Значи лината е друга“, вели Зафировски укажувајќи дека јавното обвинителство не се интересирало ни во случајот или аферата со лични карти Чауш ниту сега.

Според него за да се добие документ мора да се има украден индентитет од некого, што кажува дека аферата е многу поголема.

„Значи за сето ова службеник не може ништо да направи, аферата е мега скандал. Во изминативе години кадри на ДУИ ги водат овие служби“, рече Зафировски.