Првиот дуел од денешната шпанска Примера донесе гостинска победа. Екипата на Расинг Сантандер со конечни 1:2 триумфираше кај Малага и со тоа извојува значајна победа пред репрезентативната пауза.

Дотор погоди за домаќинот во првиот дел, а потоа Расинг направи комплетен пресврт.

Луке и Забири во само десетина минути реализираа за 1:2, што подоцна се покажа како конечен резултат на овој натпревар.

Дополнителен проблем за домаќинот беше и играчот помалку во 64. минута по исклучувањето на Азноуи.

По овој натпревар, Расинг се наоѓа на деветтото место на табелата со освоени 14 поени, додека Малага и натаму останува на последната позиција.