Екс-градоначалникот и лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ја поздрави одлуката на САД да го вклучи Артан Груби на својата црна листа. Преку објава на официјалниот профил на својата партија на Фејсбук, Села ја истакна важноста на борбата против корупцијата како клучен чекор за градење владеење на правото.

  • „Алијансата за Албанците во континуитет е еден од политичките актери кои јавно ги осудуваа врските на судството со политиката и олигархијата, затоа и денеска ја поздравуваме неодамнешната одлука на САД, најважниот стратешки партнер на Република Северна Македонија и албанскиот народ,“ напиша Села.

Тој ги повика сите опфатени лица на листата да покажат одговорност, повлекувајќи се од институционалниот и политичкиот живот и соочувајќи се со обвиненијата како слободни граѓани.

Села подвлече дека индивидуалната одговорност е темел на модерна, непристрасна и демократска држава.

  • „Борбата против корупцијата означува важен чекор во градењето на владеењето на правото и нашата иднина,“ изјави тој.