Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со март 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,0, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 и Енергија за 1,3 отсто.
Во споредба со април 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 13,2 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,4, Интермедијарни производи, освен енергија за 8,3, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7 и Капитални производи за 0,4 отсто.