Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, бележи пораст од 7,4 проценти, во секторот Преработувачка индустрија од 3,9 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација порастот е 3,6 проценти.

Според ДЗС, зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, бележи пораст кај Енергија за 6,4 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 5,5 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 34,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,6 проценти, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 12,9 проценти.