Омикрон првпат беше дијагностициран во Србија во четвртокот, на 23 декември, кај четиричлено семејство.
Како што рече Јовановиќ, овој сој е откриен во поединечни случаи.
-Сите дојдоа од странство, најмногу од Велика Британија и Франција. Ги нема толку, но ги има десетина – рече Јовановиќ.
Според неа, пациентите главно имаат блага клиничка слика.
Минатата недела, сојот Омикрон првпат беше потврден во четиричлено семејство кое дошло од Боцвана. Семејството отишло во Африка како туристи.
За денеска е закажана седница на Кризниот штаб за борба против корона вирусот, прва откако беше дијагностициран новиот сој во таа земја.