Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска гостуваше на Канал 5 телевизија каде што разговараше за полициската акција што утрово се случи во Струга. Тој даде специфики за настанот.
„Денеска е спроведена голема полициска акција на подрачјето на Струга. Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал заедно со Одделението за специјални полициски операции и заедно со ОВР Струга и надлежниот ЈО за гонење организиран криминал спроведе обемна акција за разбивање поголема група која дејствувала во струшко. Станува збор за организирана криминална ќелија од 23 лица, од кои еден член е од Охрид, еден член е албански државјанин кој живеел во Струга, а останатите членови се сите од Струга. Во овој момент приведени се 19 лица, по три лица се трага, а едно од лицата од групата веќе сторило кривично дело за кое има мерки на претпазливост“, соопштија Спасовски.
Дополнително, тој изјави дека биле извршени претреси на вкупно 36 различни локации, при што биле откриени кокаин, марихуана и уште неколку видови на дрога, како и пари и возила. Напомена и дека се уште се даваат дополнителни докази против криминалната група.
„Станува збор за добро организирана група која продавала дрога и оружје и луѓе кои насилнички се однесувале во теко на целиот истражен период“, посочи Спасовски