Размена на заложници помеѓу Израел и Хамас

Хамас ги ослободи тројцата израелски заложници, кои беа предадени на тимот на Црвениот крст. По повеќе од 15 месеци во заробеништво, Ели Шараби (52), Охад Бен Ами (56) и Ор Леви (34) конечно се враќаат кај своите семејства.

Претходно, беше ослободена и заложничка со македонско потекло.

Хамас ослободи четири заложнички – една има потекло од Македонија, друга од Бугарија

Според договорот за примирје, Израел денеска ослободува над 180 палестински затвореници, меѓу кои и лица кои издржувале доживотна казна затвор.

Прочитајте повеќе од веста во продолжение:

Хамас ослободува заложници: Дали е на повидок целосен мир?

Реакции од семејствата на заложниците

Роднините на ослободените заложници изразија огромна радост и олеснување:

  • „Поминавме 490 дена без да знаеме дали е жив. Фактот дека се враќа на нозе, фала му на Бога.“

Целта за слобода е на прво место за заложниците.

  • „Толку сме среќни, неверојатно. Ќе го прегрнеме и ќе направиме сè за него и за останатите заложници.“

Политички последици и влијание на примирјето

Иако примирјето, договорено минатиот месец, е предвидено да трае до март. Сепак, новите ставови на Белата куќа може да ги искомплицираат разговорите.

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи депортација на палестинското население од Газа, предлог што доби поддршка од Израел, но беше жестоко критикуван од Палестинците и меѓународната заедница. Засега, овој предлог нема директно влијание врз тековното примирје.

Цврстото сојузништво меѓу САД и Израел беше потврдено на средбата меѓу претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Изјави на Џонсон и Нетанјаху

  • Мајк Џонсон: „Она што Израел го направи во изминатите седум месеци е доказ за тоа што може да се постигне кога непријателот не ги поставува правилата. Со враќањето на претседателот Трамп во Белата куќа и републиканска контрола во Конгресот, Америка нема да му го сврти грбот на Израел.“

Се огласи и премиерот на Израел.

  • Бенјамин Нетанјаху: „Американско-израелскиот сојуз никогаш не бил посилен. Нема да има иднина за Газа или мир на Блискиот Исток, ако Хамас остане таму.“

Иднината на преговорите за Израел и Хамас

Во втората, потешка фаза од договорот, Хамас треба да ослободи уште десетина израелски заложници во замена за траен прекин на огнот. Се стравува дека Хамас може да ги прекине преговорите, особено доколку САД и Израел продолжат да инсистираат на преселување на палестинското население.

Овој развој на настаните може дополнително да ја разниша кревката состојба на Блискиот Исток.