Разобличени лагите на СДСМ. Најавија голем скандал на повидок, но очигледно тоа го користат како епилог на безизлезноста во која се наоѓаат.
Обвинувања на СДСМ
Имено, од СДСМ кажаа дека анкетите кои беа објавени на Националната телевизија МТВ се нарачани и ги окарактеризираа како лажни. Зад нив велат дека стојат штабот на ВМРО-ДПМНЕ.
Станува збор за реализација на цела шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 05.12.2023 година за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести, соопшти СДСМ.
Од СДСМ пишуваат дека анкетата е нарачана, а го обвинуваат партискиот лидер Христијан Мицкоски. Велат дека се служи со „Истите методи на Никола Груевски“.
Ништо не се менува во ДПМНЕ. За овој скандал мора да има одговорност, се вели во соопштението на владејачката партија.
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
Со реакција се јавија од ВМРО-ДПМНЕ кои ги разобличија лагите на ВМРО-ДПМНЕ. Она што е интересно е дека лицето Ивица Грамбозов воопшто не постои.
Целото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ го пренесуваме во продолжуваме во продолжение.
Најостро и изрично ги демантираме информациите првично објавени во еден медиум, а потоа истите лаги дополнети од СДС.
Не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес како што се наведува во емисијата на Фуркан Салиу и потоа прераскажани од СДС.
Потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните. Иако видовме дека за СДС е нормално да го погрешат презимето на нивниот лидер Ковачевски веројатно разумно и логично е ВМРО-ДПМНЕ да си ги препознава луѓето и потписите од својата партија, нешто што не е случај и во посочениот и измислен документ, што само кажува кој е изворот на веста.
Сметаме дека изворот на ваквите информации се од кујната на СДС кои очајнички прибегнуваат кон дезинформации, фалсификуваат документи соочени со претстојниот пораз.
На времето правеа бугарски летоци, сега измислуваат документи. За парите дадени на Асаф Исеин можеле да бидат барем малку покреативни во измислувањето.
Поминува времето кога Ковачевски може шеретски да седи на влада и да одлучува кој што ќе прави. Да потсетиме на седница на влада со која раководи Димитар Ковачевски е доделено државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга по цена од едно евро за метар квадратен. Додека Ковачевски беше заменик министер за финансии и мандатар на состав на влада, неговиот кум Паунов преку фирмата Пиксел груп добивал државна помош. Бараме СДС да се извини за ваквите лаги, во спротивно ќе следи тужба за клевета.