Во текот на вчерашниот ден нашиот медиум објави вест дека клиентите на НЛБ Банка се револтирани дека е најавено наплаќање на услуги кои досега беа бесплатни.
РЕВОЛТОТ НА КЛИЕНТИТЕ КУЛМИНИРАШЕ: Корисници на НЛБ Банка масовно најавуваат затворање сметки
На ваквата објава од НЛБ банка ни одговорија со соопштение кое интегрално го пренесуваме во целост.
Почитувани,
Најнапред би сакале да ви се заблагодариме за интересот и вниманието кое го посветувате на темите поврзани со банкарските услуги и информирањето на јавноста за истите.
Во врска со објавениот текст кој се однесува на новиот Тарифник на НЛБ Банка кој стапува на важност од 23 јуни годинава, поконкретно на воведувањето паричен надоместок за користење на мКлик, би сакале да ја коригираме објавената информација во вашиот медиум соодветно, со единствена цел точна информираност на нашите клиенти.
Имено, Банката воведува еднократен надомест од 20 денари месечно за користење на Light пакетот, кој опфаќа дебитна картичка и НЛБ мKлик, со увид во состојба на сите сметки. Овој износ се однесува на целиот пакет и нема да се наплаќа поединечно секој преглед на состојба на сметките, како што беше наведено.
Банката континуирано вложува во развој, безбедност и одржување на дигиталните услуги, со цел да обезбеди сигурно, брзо и супериорно клиентско искуство.
Инвестициите на Банката во дигитализација им овозможуваат на клиентите напредни алатки кои им заштедуваат време, им го олеснуваат секојдневието и управувањето со нивните финансии преку користење на најсовремени технолошки решенија со високо ниво на безбедност.