Шпанскиот селектор избра 26 играчи за Светското првенство

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, го објави списокот од 26 фудбалери за претстојниот Мундијал, а најголемо внимание предизвика фактот што во тимот нема ниту еден играч на Реал Мадрид.

Ова не е првпат мадридскиот клуб да остане без претставник во шпанската репрезентација на големо натпреварување. Истото се случи и пред Европското првенство во 2021 година, кога тогашниот селектор Луис Енрике исто така не повика ниту еден фудбалер на Реал.

Шпанија на Светското првенство ќе игра во група со Капе Верде, Саудиска Арабија и Уругвај.

Покрај главниот список, Де ла Фуенте повика и неколку млади фудбалери за првиот дел од подготовките: Бернал, Хави Родригез, Хесус Родригез, Лео Роман, Гонзало Гарсија, Серхио Гомез, Јон Мартин, Бењат Туриентес и Хави Гера.

Засега нема потврда дали некој од нив би можел дополнително да биде вклучен во конечниот состав во случај на повреда.

Голмани: Унаи Симон, Давид Раја и Жоан Гарсија.

Одбрана: Педро Поро, Маркос Љоренте, Ејмерик Лапорт, Пау Кубарси, Марк Пубил, Ерик Гарсија, Марк Кукурела и Алекс Грималдо.

Среден ред: Родри, Зубименди, Педри, Микел Мерино, Фабиан Руиз, Дани Олмо и Гави.

Напад: Нико Вилијамс, Алекс Баена, Микел Ојарзабал, Феран Торес, Борха Иглесијас, Јереми Пино, Ламин Јамал и Виктор Муњоз.