Не 8,5 милиони евра, сега италијанската фирма која требаше да го гради новиот Клинички во 2017 бара 19.5 милиони евра отштета за раскинување на договорот.

Според информациите на „Сител“ ова е последното побарување на Италијанците испратено пред новогодишите празници. Сумата може и дополнително да расте ако се вклучат камати и трошоци. Зошто сега цената за пеналите е повеќе од двојно, од министерството за здравство официјално Сител не добиле одговор.

Во меѓувреме новата Сума од 19,5 милиони евра која ќе ја плаќаат граѓаните се погласно се коментира од лекари на социјалните мрежи.

Минатата година како што тогаш објави Сител правниот тим на компанијата во два наврати март и септемри испратил писма до Мз во кои бара 8.5 милиони евра за раскинатиот договор.

Во октомври премиерот и министерот за здравство изјавија дека ќе биде формиран правен тим кој треба да стапи во контакт со застапниците на фирмата, а преку Арбитражен суд ќе бараат намалување на првичнното побарување.

-Го повикав министерот за здравство сегашниот и побарав да биде формиран правен и адвокатски тим и да стапат во контакт со компанијата да видат што бараат. Кога ќе ги добиеме информациите ќе знаеме што е конкретно, иако, да повторам, кога го раскинувале договорот кажаа дека е раскинат без плаќање на пенали, изјави на 13.10.2022 година Премиерот Димитар Ковачевски.

-Останува арбитражата да одлучи колку ние должиме, што се случува со компанијата во меѓувреме, зошто нашите информации говорат дека компанијата која добичла тендер и не тужи за раскинување на договорот е продадена во меѓувреме. Сопствениците не се појавени кај нас туку настапуваат преку адвокатска канцеларија од Италкија, ние стапуваме во контакт и треба да дојдат кај нас, изјави на 22.10.2022 година во интервју за сител министерот за здравство Беким Сали.

Но, што се случило во меѓувреме од минсистерството за здравство нема никаква информација.

Инаку Договорот со италијанската компанија го потпиша Никола Тодоров како технички министер во 2017 година, а е раскинат следната година од министерот Филипче кога здравствените власти тогаш кажаа дека фирмата нема да бара отштета бидејќи имало таква точка во договорот.

Според тој договор новиот клинички требаше да биде изграден на сегашната локација за 5 години и требаше да чини 72 милиони евра.