Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави расчистување на просторот во Градскиот парк за изградба на Луна паркот.
„Се расчистува просторот за изградба на Луна паркот, старите бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк заминуваат во историјата,“ напиша Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил.
„Како што ветив – најдоброто за Скопје!“ додаде градоначалникот, нагласувајќи дека овој проект е дел од планираните подобрувања за градот.
