– За споредба, во октомври инфлацијата изнесуваше 3,7 отсто, а со 4,3 отсто е на нивото кое последен пат беше забележано во мај 1992 година, изјави генералниот директор на Заводот за статистика, Тобијас Томас.
Инфлацијата првенствено е поттикната од повисоките цени на горивата и енергијата.
Во соседна Германија, инфлацијата во ноември надмина пет отсто, првпат по 30 години, на 5,2 процента. Инфлацијата во еврозоната е, исто така, на највисоко ниво од 1997 година, минатиот месец изнесуваше 4,9 отсто.