Доколку Бранко Црвенковски има идеја, ако е политички нереализиран или пак, оставил нешто нереализирано додека бил на политички или партиски позиции, а не го препознава како цел во политиките на СДСМ, тогаш мислам дека баш никој нема да го спречи во идеја да формира партија. Иако мислам дека, некој друг проектира желби преку употреба на неговото име и авторитет, вели во интервјуто за „Локално“, професор Фросина Ременски, поранешна пратеничка и потпретседателка на СДСМ.

Ременски верува дека секој лојален член на СДСМ нема да размислува да се приклучи кон новоформирана партија која би произлегла од самото СДСМ.

– Да се потсетиме само дека во 2006 година се создаде НСДП на Тито Петковски кој беше дел од СДСМ, а Владо Бучковски кој исто така беше дел од СДСМ замина во политичка партија формирана од бизнисменот Минчо Јорданов. Во политичката теорија и практика постојат случаи на договорено формирање на нови политички субјекти кои треба да амортизираат одредено незадоволно членство, за да подоцна се приклучат на коалициски договори кон партијата-матица, вели поранешната пратеничка.

За тоа дали „скопското крило“ на СДСМ може да му пресуди на актуелното раководство при евентуални предвремени избори, професорката со контра-прашање дали може „скопското крило“ да си пресуди само при евентуални предвремени избори.

– Лично за мене „скопското крило“ секогаш било бизнис/олигархиски ориентирано и предодредено, вели таа.

Во врска со отсуството на контрола на тајните служби за време на минатата влада каде што имаше прекршување на правата на повеќе од 20.000 граѓани со незаконското прислушување, Ременски вели дека таа е жив сведок на попречување на тоа право преку злоупотреба на институции и овластувања.

– За жал, тие и понатаму се дел од анти-системот кој благовремено се штити од секакви задирања во нивниот воспоставен комодитет на штета на функционалноста на институциите. Мијалков е само едeн од тие кои функционирал и го злоупотребувал системот. Неговите инсталации и денес функционираат и саботираат секаква можност јавноста да дознае повеќе за тие злоупотреби. За жал, тука поддршка во тоа затапување на интересот имаат и медиумите, вели таа.

Целото интервју на „Локално“.