Јанша незадоволен од изборниот резултат

Лидерот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша, изрази незадоволство по објавувањето на резултатите од парламентарните избори во Словенија, на кои неговата партија заврши веднаш зад Движењето Слобода на Роберт Голоб. Тесната разлика меѓу двете партии дополнително ја засили политичката неизвесност во земјата, пренесува Индекс.

Тој нагласи дека според интерните податоци со кои располага неговата партија, резултатите се разликуваат од официјалните, при што тврди дека имаат предност од околу 50.000 гласови.

Јанша бара проверка на гласовите

Јанша најави дека ќе иницира детална проверка на изборниот процес, вклучително и можност за рачно пребројување на гласовите, со цел да се отстранат сите сомнежи околу конечниот исход.

„Не обвинувам никого, но разликата е невообичаена“, изјави Јанша, додавајќи дека транспарентноста и довербата во изборниот процес се од суштинско значење.

Јанез Јанша го оспорува изборниот резултат во Словенија, најави проверка и можно рачно вроење.

Политичка неизвесност и можни тензии

Ваквите реакции од страна на опозицијата доаѓаат во момент кога Словенија се соочува со фрагментиран парламент и отсуство на јасно мнозинство. Ова отвора простор за подолги и посложени коалициски преговори.

Воедно, можноста за дополнителни проверки на резултатите може да го пролонгира процесот на формирање нова влада и да придонесе за зголемени политички тензии во земјата.