РФМ и ЕХФ денеска во одвоени пригодни честитики му се заблагодарија на легендарниот Кирил Лазаров за неговиот придонес во македонскиот и европскиот ракомет, ден по објавата дека става крај на кариерата како играч.
– Ти благодариме за севкупниот голем придонес во македонскиот ракомет и ти посакуваме поуспешна работа во понатамошната кариера, објави Ракометната федерација на Македонија (РФМ),
Европската ракометна федерација (ЕХФ) од своја страна, ги нагласи личните достигнувања на Лазаров на европската сцена.
– Најмоќниот левучар во Лигата на шампионите. Најдобар стрелец во натпреварувањето. Талент во кој уживавме 25 години. Се пензионира на 42 години, големиот Кирил Лазаров, ќе недостигаш легендо, објави ЕХФ.
Вчера во Нант на прес-конференција, 42-годипниот Лазаров објави крај на кариерата како играч и максимален фокус на тренерската работа и улогата селектор на македонската машка сениорска репрезентација.