Ракометарите на Еурофарм Пелистер неочекувано лесно и убедливо го совладаа Татран Прешов со 36:26 и обезбедија пласман во полуфиналните натпревари од ракометната СЕХА лига.
Битолчани првиот натпревар го завршија со 8 голови предност (37:29), а попладнево во Прешов, домашниот тим го совладаа со 10 голови предност, односно 36:26.
-Пред реванш средбата тренерот Александар Јовиќ најави дека поголема шанса ќе им даде на помладите играчи и на оние кои имаат помала минутажа, и тоа се покажа како одличен потег.
Најефикасен на натпреварот, како во Битола така и во Прешов, беше репрезетативецот Костески кој овој пат постигна 11 голови и го одведе тимот на Еурофарм Пелистер во полуфиналето на СЕХА.