Николиќ остави голема трага во македонскиот ракомет, а последен пат го носеше дресот на ЖРК Вардар пред неколку години, кога замина во пензија. Токму затоа, РК Вардар ќе ѝ оддаде последна почит пред натпреварот во Лигата на шампионите.

-Секој што го носел дресот на Вардар е дел од нашето големо „цревно-црно“ семејство. И кога губиш дел од семејството, губиш дел од себе, и тагуваш. Но, засекогаш останува во нашите сеќавања и срца. Утре пред почетокот на средбата од ЕХФ Лигата на шампионите ќе и оддадеме почит на нашата Јулија Николиќ (Портјанко). Почивај во мир!, објавија од РК Вардар.

Дуелот меѓу Вардар и Монпелје во ракометната елита се игра утре (среда) од 20:45 часот.