Седум од вкупно 16 екипи го заверија своето место, меѓу нив е актуелниот македонски првак, Вардар 1961. Двократниот освојувач на европската круна го обезбеди своето десетто учество во најсилното европско клупско натпреварување, откако ја освои 15. титулата во домашниот шампионат.

Во Лигата на шампиони ќе го гледаме и Никола Митревски, со неговиот Порто вчера ја освоија титулата. Тука се уште Магдебург, Барселона, ПСЖ, Кјелце и Динамо Букурешт.

Шанса да се најде во ЛШ, има и Нант за кого настапува Кирил Лазаров, Франција ќе биде една од оние земји кои треба да добие вајлд-карта. По двајца преставници следната сезона ќе имаат Франција, Унгарија и Германија.

Од Бундес-лигата се чека името на вториот тим кој ќе добие директно место, истото важи за Унгарија, таму битката се води меѓу Веспрем и Пик Сегед, засега празно место стои и кај претставникот од Данска.