Во зоната на специјални воени операции ќе почнат да се користат беспилотни разузнавачки возила „маркер“, кои претходно беа користени за обезбедување на аеродромот „Восточни“, објави на својот Телеграм поранешниот директор на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин.
„Маркер“ има техничка визија, сопствено огнено оружје и автоматски систем на управување, а може да ги одреди точните координати на непријателот на оддалеченост до 15 километри и да избира цели по приоритет, пренесе „Спутник“.
Според информациите, беспилотното возило го изработиле конструкторите на приватната уралскÐ ° инженерска компанија „Андроидна техника“ во соработка со Фондот за напредни истражувања.