Иван Анастасовски универзитетски професор и поранешен потпретседател на Собранието во 2006 како дел од НСДП која беше дел од Владата на ВМРО ДПМНЕ и ДПА , Рубин Земон поранешен пратеник и лидер на ПОЕН, Слободан Чокревски син на поранешниот Слободан Чокревски екс директор на АХВ , Богданка Кузевска портапаролката на СДСМ и Соња Стаменковска градоначалничката на Македонска Каменица се дел од членовите кои се очекува според партиски избори на ТВ 24 од СДСМ Венко Филипче вечерва а ги кооптира во ЦО .
Според истите извори вечерва ќе добие потврда и Андреј Жерновски како меѓународен секретар на СДСМ, а Александар Давчевски како претседател на Градската организација на СДСМ.
Филипче веќе најави дека ќе ја претстави и новата платформа како што е наречена програмата на СДСМ како и закажување на Конгрес на 7 јуни.
Дел од членовите на ЦО пак со кој контактираше ТВ24 очекуваат од лидерот да чујат и конкретни аргументи за иницијативата за исклучување на Петре Шилегов како и докази дека тој “одработувал за ВМРО ДПМНЕ”
Извор: 24.мк
