Рударските компании бараат посебен буџет на Европската Унија за критичните суровини поради проблем со финансирање на стратешките проекти, но Европската комисија и земјите-членки на ЕУ за сега не се согласуваат да го обезбедат.
На вчерашниот состанок на министрите за индустрија на ЕУ за политиките за подобрување на конкурентноста, ЕК ги информираше и земјите-членки за моменталната состојба на клучните политики во областа на критичните суровини, но не се познати детали.
– Ги идентификувавме европските стратешки проекти и го забрзуваме нивното финансирање, како и самите процедури, изјави потпретседателот на ЕК за индустриска стратегија, Стефан Сежурне.
Тој додаде дека нема да има посебна буџетска ставка за критичните минерали, а следниот буџет на ЕУ ќе ги одразува „идентификуваните потреби за флексибилност, предвидливост и ефикасност“.
ЕК соопшти дека воспоставила „рамка за мобилизација“ од 1,7 милијарди евра за финансирање на стратешки проекти, но компаниите тврдат дека средствата се тешко достапни.
