Холандското Министерство за одбрана соопшти дека два холандски борбени авиони Ф-35 пресретнале три руски воени авиони во близина на полскиот воздушен простор.
„Авионите, кои тогаш беа непознати, се приближија до воздушниот простор на НАТО и Полска од Калининград“, соопшти холандското Министерство за одбрана, пренесе Ројтерс.
Холандски борбени авиони од далечина придружувале руски авиони и ја предале придружбата на партнерите од НАТО, се заклучува во соопштението, пренесе б.92