Четворица од осомничените за вооружениот терористички напад врз посетителите во концертната сала „Крокус сити хол“, во предградието на Москва се странски државјани, соопшти руското Министерство за внатрешни работи.

Сите осомничени, кои се уапсени, се странски државјани, се наведува во соопштението, но во него не се прециизра нивната националност.

Руските медиуми и еден неименуван руски пратеник кажаа дека некои од осомничените се од Таџикистан, централноазиска држава која се граничи со Авганистан.

Во терористичкиот напад беа убиени најмалку 143 лица.