И ноќеска продолжува борбата со пожарот во селото Лозани, во општина Могила. Со паѓањето на мракот гасењето е отежнато бидејќи веќе не може да се дејствува од воздух. Во текот на денот огнот се доближи до куќите во селото, но опасноста да ги зафати беше надмината.

Сепак, според фотографиите и видеата од теренот, состојбата и понатаму е загрижувачка. Пожарот продолжува да се шири, а борбата со огнената стихија продолжува и во текот на ноќта. Надлежните и понатаму се соочуваат со тешки услови за гасење поради темнината.

Повеќе може да погледнете ТУКА.