Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден донесе конечна одлука да ги исклучи владите на Куба, Венецуела и Никарагва од Самитот Америка, соопштија денеска функционери запознаени со прашањето.
Британските меидуми пренесоа дека одлуката на САД уследи по неколкунеделните интензивни размислувања, и сега во опасност од бојкот го доведува собирот во Лос Анџелес што се оддржува неделава, доколку мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и некои други лидери решат да не се појават на него.
Американските власти утврдија дека загриженоста за човековите права и недостатокот на демократија во трите земји се причини за исклучување од самитот, изјави доцна синоќа извор од Вашингтон.
Исклучувањето на Венецуела и Никарагва, предводени од левичарските лидери, веќе беше означено во последните недели.
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел минатиот месец изјави дека нема да оди дури и доколку биде поканет, обвинувајќи ги САД за „брутален притисок“ самитот да биде неинклузивен.
На самитот се поканети кубански граѓански активисти.
Одлуката на САД прва ја пренесе агенцијата Блумберг, а Белата куќа не одговори на барањата за коментар.
Контроверите околу списокот на гости ја фрли во втор план целта на САД за искористување на Самитот за подобрување на односите со Латинска Америка.
На претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, исто така му е забрането да присуствува на самитот, а доколку не се појави ни мексиканскиот претседател Лопез Обрадор, тоа би можело да ги покрене прашањата за изгледите за напредок во разговорите за ограничување на миграцијата на јужната американска граница, што е приоритет за претседателот Бајден, наведуваат британските медиуми.