Според извештај објавен во петокот, американските власти сè уште немаат објаснување за речиси сите неидентификувани летечки објекти забележани пред повеќе од две децении и истражени од работна група на Пентагон. Ваквите тврдења најверојатно ќе ја поддржат теоријата за можни посети на суштества од други светови.

Меѓу необјаснетите инциденти се најдоа и три видеа случени во воздух, снимени од американската морнарица, пренесува Њујорк тајмс.

Необјаснети остануваат уште 143 извештаи кои датираат од 2004 година, се вели во документ објавен од Националната разузнавачка служба на САД.

Од нив, 21 извештај покажува појава на технолошки достигнувања кои се непознати за САД. Така е затоа што пресретнатите објекти се движеле без видлив погон или со забрзување за кое се верува дека ги надминува сите можности дека истите може да бидат направени од некои земји како Русија, Кина или други светски сили.

Исто така, нема докази дека било која од овие „средби со НЛО“ вклучува тајна американска програма за оружје, непозната технологија од Русија или Кина, па дури и посети на вонземјани.

Сепак, владиниот извештај не исклучува објаснувања од ваков тип. Наместо тоа, официјални лица од САД претставија план за развој на подобра програма за набудување и собирање податоци за идните слични необјаснети појави.

– Во моментов има премалку податоци за да постојат заклучоци, изјавија американски официјални лица.

Сепак, познавачите на ваквите „средби“, па и ентузијастите имаат објаснувања, почнувајќи од феномени кои се случуваат секојдневно – до вонземски посети, а извештајот не помогна многу за да ги поткрепи или побие ваквите теории.

Американските власти не сакаа да признаат дали некои од феномените може да се објаснат како вонземски активности, што беше земено како сигнал дека тие не го поддржуваат ваквиот вид теорија.

Сепак, многумина веруваат дека заклучоците за појавата на вонземски посети може да се очекуваат во следниот период, бидејќи нема други објаснувања. Ова следува и откако во последниве години, објавувањето владини видеа што покажуваат необјаснети летачки објекти дадоа поцврсти докази дека постои нешто, вонземско или не.