Вежбата, наречена Large Scale Exercise 2021, е враќање на слични маневри од Студената војна во 80-те, демонстрирајќи решителност и нов потенцијал, соопшти Командата на американската морнарица за Европа и Африка и Шестата флота на САД.
Вежбата ќе трае до 16 август и ќе опфати 17 временски зони. Во неa ќе бидат вклучени 36 бродови, како и воен и цивилен персонал. Во првата вежба од ваков вид ќе бидат вклучени само американски војници, но во иднина се планира вклучување на сојузници и партнери во такви маневри, соопшти морнарицата.