Соединетите Држави ги поздравуваат одлуките на Европскиот совет за отворање на преговорите за пристап во ЕУ со Украина и Молдавија. Стејт департментот оваа одлука ја нарече историски момент за Европа и за трансатлантското партнерство, пренесе фокус.

„Одлуките за отворање на преговорите со Украина и Молдавија, доделување кандидатски статус на Грузија и отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина откако таа ќе ги исполни потребните критериуми, им нуди надеж и поттик на овие земји и нивниот народ да продолжат со реформите кои се потребни и да ги унапредат своите амбиции кон ЕУ. Ова е историски момент за Европа и за трансатлантското партнерство“, соопшти Стејт департмент.

Оттаму додаваат дека САД продолжуваат силно да го поддржуваат процесот на проширување на ЕУ и со нетрпение очекуваат да ги поддржиат земјите-кандидати за ЕУ и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ, додека тие продолжуваат со критичните реформи на патот кон членство во ЕУ.

„Во овој клучен момент за трансатлантската заедница, ги охрабруваме да го искористат моментумот за да го реализираат својот целосен демократски и економски потенцијал и да ја обезбедат својата иднина во Европа“ се додава во соопштението на Стејт департментот.