Лице се обидело да го ограби менувачница на прометна улица во централното градско подрачје во Куманово.
Вчера во 18:40 часот во СВР Куманово било пријавено дека во менувачница на улицата „Илинденска“ едно лице со закана кон вработената се обидело да одземе пари од дневниот промет.
Според пријавата, откако вработената успеала да ја затвори сигурносната врата и да повика помош, лицето побегнало. Полицијата презема мерки расчистување на случајот.