Блинкен на почетокот на оваа година објави дека САД им забраниле на Бериша и неговото семејство влез во таа земја, наведувајќи го фактот дека САД официјално ги сметаат поранешниот албански премиер и неговото семејство за корумпирани.
Бериша денеска изјави дека тужбата е поднесена во негово име од адвокат кој го ангажирал откако Блинкен одлучил да го прогласи за персона нон грата, а по дезинформациите на Сорос, пренесува приштинскиот весник Коха.
Како што истакна Бериша, неговиот адвокат поднел тужба до парискиот суд и таа се базира на претходните преседани и на универзалниот принцип дека „не постои имунитет за клевета“.
Тужбата е поднесена и врз основа, додаде тој, на друг универзален принцип дека „клеветата преку Интернет е казнива насекаде“.
– Го повикувам секретарот Блинкен да ги достави до судот, во име на транспарентноста, сите докази кои ги има против мене и моето семејство, изјави Бериша на прес-конференција.