Новата американска политика за патување бара вакцинација за странски државјани кои патуваат во Соединетите држави, а ќе започне да се применува од 8 ноември – изјави Кевин Муњоз, претставник на Белата куќа.

Официјалниот претставник на Белата куќа изјави за Си -Ен -Ен дека се дадени инструкции за одредени исклучоци, со список од кои вакцини против коронавирус ќе бидат прифатени.

-Центарот за контрола и превенција на болести веќе ги информираа авиокомпаниите дека сите вакцини одобрени од ФДА, како и сите вакцини одобрени од СЗО, ќе бидат прифатени за влез во земјата со авион. Очекуваме истото да важи и на копнената граница … , рече службеникот.