Санкционирани се 133 возачи во Скопје од кои 26 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Контролата е направена во текот на вчерашниот ден, а санкционирани се и 13 возачи кои возеле без возачка дозвола и осум кои имале технички неисправни возила.
Изречени се три мерки за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за непочитување на првенство на минување и три санкции за возач почетник.