Полицијата вчера на територија на град Скопје изрекла вкупно 180 мерки, меѓу кои 12 за возење повеќе од дозволената брзина, 44 мерки за прекршоци што ги прават пешаците и 12 мерки за возење без возачка дозвола, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
Изречени се 11 мерки за користење на мобилен телефон, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, шест санкции за некористење сигурносен појас…
Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта. а