Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден спровело зајакната акциска контрола на територијата на државава за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 191 возач.
Од нив, како што се посочува, девет возилa се движеле со брзина над 50 километри на час поголема од дозволената, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.
Од МВР потенцираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.